Велигденов: Македонска пошта нема за плати оти државата троши пари на приватни пошти

Од:

Ако Владата им наложи на сите министерства, институции и општини да не ги користат услугите на приватните пошти, туку на државната Македонска пошта, тогаш АД пошта ќе може да работи рентабилно и ќе може да исплаќа плати на вработените.

Ова за „А1он“ го истакна првиот човек на Синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов кој заедно со претседателот на ССМ, Дарко Димовски испрати допис до Владата во кој се бара прием на владината седница во вторник.

Синдикатот одржа неколку предупредувачки прекини на работата кои се одвиваа за време на паузата од половина час со цел да не се оштета корисниците на услугите на Пошта, но доколку Владата не ги прими и не им ги исплати платите до вторник, следниот ден вработените ќе излезат на протести пред Владата.

Законската обврска за земање на плата е до 15 во тековниот месец, но до овој момент Македонска пошта нема обезбедено доволно средства за пуштање на платите за вработените.

– Ние сме 100 отсто државна компанија и логично е државните институции да ги користат нашите услуги. Но, многу мал дел од нив работат со нас, а другите плаќаат услуги на приватни пошти. Ние бараме да се следи примерот на Албанија и Хрватска. Таму Владите им наложија на институциите да ги користат само услугите на државната пошта. Ова го бараме во последните три години, но Владата не презеде ништо.
Сметаме со оваа реформа и добро внатрешно реорганизирање ќе работиме стабилно и ќе генерираме приходи за плати – истакна Боро Велигденов.

Синдикатот сака да се информира од Владата какви бизнис планови има со нив и дали Македонска пошта ќе се реформира.
– Македонска пошта е државна компанија, акционерско друштво со самофинансирање. Можеме рентабилно да работиме без бркање на ниту еден од 2.200 луѓе ако Владата застане цврсто зад нас. Ние имаме 330 поштенски единици, ресурси кои ниту една приватна пошта ги нема. Не е логично со таква мрежа да не работиме подобро од курирските служби – потенцираше Велигденов.

Би можело да ве интересира

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

Влада: Засега немаме добиено барање од СДСМ за лидерска средба

Владата ги осуди неодговорните и неетички постапки на одредени странски медиуми во однос на известувањето на трагичниот настан во Кочани

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трошоците за транспорт и сместување на семејствата кои имаат повредени во трагедијата во Кочани ќе ги плати Владата

Горан Наумовски

Петрушевски: Народот на минималец, а Слободан Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари