Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заменик министерот за транспорт и врски Садик Беќири и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во реконструкцијата на автопатската делница Сарај-Групчин.
Делницата е долга 16 километри, а за реконструкцијата се обезбедени 1,1 милион евра од Буџетот на ЈП за државни патишта.
Активностите почнаа во ноември 2017 година и треба да завршат овој или идниот месец.