Утврден надоместот од операторите за компензацискиот фонд за универзална услуга

Од:

Операторите кои годишно остваруваат минимум бруто приход од 100.000 евра од обезбедување јавни електронски комуникациски мрежи/ услуги во компензацискиот фонд за универзална услуга за годинава треба да уплатат 0,25 проценти од вкупниот приход што го оствариле минатата година, одлучи Агенцијата за електронски комуникации.

– Согласно член 106 став 3 од Законот за електронските комуникации од Законот за електронските комуникации а во врска со член 33 став 2 од Правилникот за обезбедување на услугите опфатени со универзална услуга, висината од 0,25 проценти е определена согласно проценетите потребни средства во компензацискиот фонд за универзална услуга за 2017 година од кои ќе се врши исплата на нето трошоците на давателите на универзална услуга што се пресметуваат како разлика меѓу нето трошоците за обезбедување на универзалната услуга и нето трошоците кои давателот на универзална услуга би ги имал кога не би бил давател на универзална услуга при што се зема предвид проценетата добивка и нематеријалните поволности што ги има давателот на универзална услуга при обезбедувањето на универзална услуга, се наведува во одлуката објавена на веб страницата на АЕК.

Врз основа на доставените податоци од операторите за остварениот вкупен годишен приход за 2016 година, директорот на Агенцијата за електронски комуникации треба да донесе поединечно решение за секој од операторите со кое се утврдува точниот износ на средства што операторот треба да го уплати во компензацискиот фонд за универзална услуга, како и рокот за плаќање.

АЕК го воспостави Фондот за универзална услуга во март 2013 година согласно Законот за електронски комуникации. Располага со околу милион евра, кои се трошат и дополнуваат за универзалната услуга, а од лани првпат е опфатен и широкопојасниот Интернет.

Со универзалната услуга се опфатени поврзување на крајниот корисник со јавната телефонска мрежа, со овозможување пристап до јавните телефонски услуги на определена фиксна географска локација, обезбедување достапност на податоците од целосниот телефонски именик и од телефонската служба за информации, обезбедување на разумен број јавни телефонски говорници од кои е возможно без надомест да се бираат броевите на службите за итни повици, за да се задоволат потребите на крајните корисници од аспект на географска опфатеност со задоволителен број на јавни телефонски говорници, со можност за пристап на корисниците со посебни потреби и соодветен квалитет на услугата. Дел од услугата е и обезбедување услови за еднаков пристап и употреба на јавните телефонски услуги од страна на крајните корисници со посебни потреби, вклучувајќи и пристап до броеви на службите за итни повици, це1лосниот телефонски именик и телефонската служба за информации.

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните

(ВИДЕО) Нова снимка од Грција: Наводно се гледа моментот кога навивач на АЕК е избоден со нож

Мајката и вујкото на убиениот навивач на АЕК им се заблагодарија на играчите што го исфрлија Динамо

(ВИДЕО) Грците објавија нови снимки од последните моменти на убиениот навивач на АЕК