Утре нови цени на горивата

Од:

Цените на нафтата на светските берзи во последниот месец константно растат. На лондонската берза цената на барел за испорака во јуни, во петокот падна 75 центи во однос на претходното затворање, на 63,23 долари. Цената на барелот во Лондон достигна највисоко ниво во 2015 година, од 64,95 долари.

На американската берза со барелот се тргува по 82 центи пониска цена во однос на преходното затворање, односно по 55,89 долари.

По падот на американското производство на нафта и намалувањето на резервите, ќе следи период на покачување на цената на „црното злато“, проценуваат аналитичарите. Како глави причини за поскапување на цената на нафтата покрај падот на производството во САД, аналитичарите ги наведуваат и стабилизацијата на курсот на доларот, судирите во Јемен, како и преголемиот пад на цената во изминатиот период. Поради тоа, долгорочно се очекува дека цената на нафтата ќе расте.

Во Македонија, малопродажната цена на нафтените деривати се формира врз основа на цената на берзата во Њујорк, а влијание има и курсот на доларот во однос на денарот.

Следната корекција на цените во Македонија, Регулаторната комисија за енергетика ќе ја направи веќе на утрешната редовна седница. Ако се имаат предвид цените на нафтата во изминатиот месец, можеме да очекуваме значително поскапување на горивата. Имено, пред две недели Регулаторна ја формираше цената на горивата во Македонија врз основа на просечната цена на суровата нафта која тогаш на берзата во Лондон изнесуваше 54,5 долари за еден барел, а курсот на денарот во однос на доларот беше 57,9 денари.

На бензинските пумпи во Македонија литар Еуросупер од 95 октани се точи за 67,5 денари, 98 октанското гориво чини 69,5 денари по литар. Цената на овие горива при последните одлуки на претрпе корекции, освен дизелот, којшто поевтини за половина денари и сега се продава за 53 денари по литар.

Ако се следат цените на барел нафта на светските берзи, можно е овојпат кај нас да имаме корекција на цените во нагорна линија, или поскапување за околу 3 денари за литар?

Секако последниот збор ќе го донесе Регулаторната комисија за енергетика, на седницата која што ќе се одржи утре.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат горивата

Поскапуваат дизелот и екстра лесното масло

Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло

Тетовец крадел гориво од автомобили

Енергетската криза предизвикана од војната во Украина го обнови интересот за нуклеарната енергија

А1он

Горивата во Црна Гора најевтини во регионот

А1он