СДСМ: Усвоен новиот Закон за прекршоци, ставаме крај на драконската казнена политика

Од:

Со новиот Закон за прекршоци, казните за физички лица ќе изнесуваат од 15 до максимални 250 евра, наместо досегашните максимални 1.000 евра, велат преку соопштение од СДСМ и додаваат „ставаме крај на драконската казнена политика, воведуваме превенција наместо репресија, а казните се намалуваат и до 75 отсто“.

„Минималната глоба за малите фирми според новиот закон ќе биде 50 евра, а максималната 2.000 евра што е намалување за два и пол пати во споредба со стариот закон кога максималната глоба изнесуваше 5.000 евра.

За првпат се прави градација меѓу малите, средните и големи претпријатија, што е правично и праведно.

Наместо изживување врз граѓаните и компаниите, се воведува нов столб на казнената политика – изрекување опомена пред казна.

Опомената ќе се изрекува ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишаната обврска или е нанесена штета, а сторителот пред донесување на одлуката за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ја отстранил или надоместил штетата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека тие, Владата и парлементарното мнозинство што ги предводат остануваат посветени на реформите што го олеснуваат животот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата