Унгарија започна кампања против ММФ

Од:

Унгарската влада започна остра медиумска кампања против Меѓународниот монетарен фонд.

„Нема да му се поклониме пред ММФ“, „ Нема да ја дадеме независноста на Унгарија“, „ Што сакаме од ММФ?“, „Почитување и доверба“, се само некои од насловите објавени на страниците на најголемите национални дневни весници, пренесуваат француските медиуми.

Владата на Унгарија ќе потроши околу 200 милиони форинти (705.000 евра) на кампања, што ќе трае до 8-ми ноември, и покрај тоа што води преговори со ММФ и ЕУ за заем од 15 милијарди евра

Објаснувајќи ги причините за почнување на ваквата камапња, владата соопшти дека „многу медиумски извештаи содржат погрешни информации за барањата на ММФ и ЕУ“, додавајќи дека „обврска на унгарската влада е да го информира општетсвото за преговорите со ММФ и ЕУ и за актуелните факти“.

Унгарија во 2011-та година побара финансиска помош од ММФ и ЕУ, откако вредноста на нејзината валута забележа остар пад, а владините трошоци за задолжување во голема мерка пораснаа.

Минатиот месец Унгарија ги отфрли условите на ММФ и ЕУ, што беа услов за добивање на помошта.

Премиерот Виктор Орбан денеска порача дека Унгарија ќе биде во состојба самостојно да се финансира и во 2013 година, како што е тоа случајот и годинава.

„Секако дека финансирањето со спогодба е поедноставно, но исто така е изводливо и без него“, рече Орбан.

Би можело да ве интересира

Унгарија од Кина зема заем од милијарда евра

ВМРО-ДПМНЕ: Каматната стапка на парите од Унгарија е двојно помала од еврообврзницата што ја зедоа СДСМ и ДУИ

Унгарија наскоро ќе го преземе претседавањето со ЕУ, нивната парола е копија од слоганот на Трамп

Горан Наумовски

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати