Украинскиот амбасадор: Зад сомнителниот капитал има политички намери

Од:

Украинскиот амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, во интервју за Телма потврдува дека меѓу личностите кои стојат зад сомнителниот капитал кој се обидува да го презеде Макпетрол има луѓе со меѓународни потерници, еден од нив е Сергеј Курченко, близок соработник на поранешниот украински претседател Јанукович, кој е на црната листа на САД и ЕУ.

Не треба тие луѓе да се пуштаат тука. Има потерници по нив. Тие се наоѓаат под меѓународни санкции, доколку го имате во предвид познатиот украински олигарх Сергиј Курченко.

-Можам уште да додадам дека е издадена потерница по него за поддршка на сепаратизмот на Истокот на Украина. Така да тука има уште и политичка обоеност, изјави во интервју за Телма, Гончарук.

Според украинскиот амбасадор, поради дел од овие луѓе украинското стопанство претрпело големи штети.

– Има различни цифри, од 8 до 25 милијарди гривни и некаде има експертски проценки за тоа дека беа повлечени од Украина 8 милијарди долари, изјави Гончарук во интервјуто за Телма.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство