УЈП наскоро ќе ги достави записниците од втората контрола до ЈСП и приватните превозници

Од:

Управата за јавни приходи (УЈП) има спроведено два типа на контроли во ЈСП „Скопје“ и во приватните автобуски превозници „Макексперс“ и „Слобода превоз“. Записниците од првата контрола веќе им се доставени, а наскоро ќе ги доставиме и од втората контрола, најави денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

– Првичните контроли за деловните односи кои ги имаа приватните превозници спрема ЈСП ги имаме завршено со цел да ги видиме обврските кои ги има ЈСП кон нив. Дел од нив веќе сами ги објавија записниците од завршените контроли. Врз основа на тоа што првично го имаме утврдено во рамки на контролата за деловни односи, ние направивме проширување по основ на ДДВ и во ЈСП и кај двата приватни превозници. При крај сме и во делот на втората контрола и наскоро ќе ги доставиме записниците до даночните обврзници, посочи Лукаревска во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет