Цените на угостителските услуги во март годинава се зголемени за 0,3 отсто во однос на февруари.
Според Државниот завод за статистика, споредено по групи, зголемување е забележано кај храната за 0,5 отсто и кај алкохолните пијалаци за 0,1 процент.
Цените на угостителските услуги во март 2015 се зголемени за 0,5 проценти во однос на истиот месец лани.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-март 2015 во однос на истиот период минатата година, е зголемен за 0,3 отсто, додека во однос на декември 2014 година за 0,1 процент.