Цените на угостителските услуги во јули годинава во однос на претходниот месец бележат зголемување за 0,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Зголемување е забележано во групите Храна за 0,1 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,3 отсто, Безалкохолни пијалаци за 0,2 отсто и Ноќевања за 1,6 отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1,1 отсто.
Цените на угостителските услуги за периодот јануари-јули 2014 година, во однос на овој период од минатата година, е намален за 0,6 отсто, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,3 отсто.