Цените на угостителските услуги во април се зголемени за 0,8 проценти во споредба со март, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, зголемување има во групите Храна за 0,1 отсто, Безалкохолни пијалаци за 0,7 отсто и Ноќевања за 3,1 отсто, додека намалување за 0,2 проценти е забележано во групата Алкохолни пијалаци.
Во споредба со април минатата година, цените на угостителските услуги се зголемени за еден процент.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-април во однос на истиот период лани е зголемен за 0,5 проценти, а во однос на декември минатата година е зголемен за 0,1 процент.