Цените на угостителските услуги во декември 2020 година, во споредба со ноември , останале на исто ниво, а во однос на декември 2019 година се зголемиле за 0,5 отсто, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот зваод за статистика.
Според ДЗС, цените на угостителските услуги за периодот јануари-декември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 0,4 отсто, а за толку се зголемени и споредено со декември 2019 година.