Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Од:

Регулаторната комисија за енергетика донесе вонредна одлука на цената на парното греење во Скопје за деловните корисници со која се намалува цената за 35 отсто.

– Цената на топлинската енергија за потрошувачите во Град Скопје е намалена поради намалените трошоци за природен гас. Ние ја следевме цената на берзите и имајќи во предвид дека ов прертходната одлука одевме со повисоки церни видеќи такви беа фјучерсите, ова што е реализирано во јануари, февруари и март, ни даде основа да ја донесеме одлука со цел на сите овие потрошувачи како што се училиштата, градинките и малите дуќани кои немаа никаква субвенција да им ги намалиме трошоците за топлинска енергија.

Со тоа ќе овозможиме и тренд на нови потрошувачи од сферата на деловните корисници – рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Сметката што ќе ја добијат овие деловни субјекти за февруари ќе биде намалена за 35 отсто.

Би можело да ве интересира

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Реакции по враќањето на старите цени на полисите: Државата воспостави 100 отсто контрола над цените, обвинуваат осигурителните компании

А1он