Ученици од „Михајло Пупин“ добија договори за практична работа во ЕВН

Од:

Ученици од специјалната ЕВН паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ денеска добија договори за месечен надомест за практична обука во оваа компанија. На ваков начин тие покрај тоа што ќе стекнуваат практично искуство неопходно за вклучување на пазарот на труд по завршување на образованието, ќе добиваат надомест за тоа што со извршување практични работи на терен преземаат одговорност.

– Овој клас постои веќе втора година и учениците можат да одат на терен и да извршуваат реални обврски заедно со монтерите на ЕВН. Затоа што преземаат некаква одговорност кога одат на терен тие треба да бидат платени за тоа и од денеска па натаму ќе добиваат соодветна надомест, рече претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер.

Тој појасни дека овој модел е пресликан од австрискиот. Тоа е модел на дуално образование каде што од една страна во училиштето го добиваат потребното образование, но од друга страна работат кај компаниите и добиваат чувство за практичната и реалната работа што би требало во иднина да ја извршуваат.

– За три години кога ќе го комплетираат своето образование се надеваме дека ќе ги вработиме и се надеваме дека и останатите компании ќе го следат овој модел и да вработат поголем број млади лица, рече Петер.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вели дека на ваков начин Македонија конечно почнува да ги подготвува своите ученици и млади луѓе за работа и за директно вклучување во процесот на труд.

– Со години зборуваме дека бизнис секторот има потреба од работна сила, но понудата што произлегува од образовниот процес не е доволно стручна за да може директно да се вклучат во пазарот на труд. Токму затоа е потребно дуалното образование. Наеднаш тешко се воведува, но има општествено одговорни компании како ЕВН, чиј пример треба да го следат сите компании и на таков начин да помогнат во подготовката на кадар. Бенефитот е заеднички и на државата во делот на намалување на невработеноста, но од друга страна и тие добиваат квалитетен кадар, рече Царовска.

Таа појасни дека МТСП уште на почетокот на годинава во Оперативниот план шанса вклучило мерка за создавање тренинг центри во компаниите или во средните училишта со цел да се направи соработка на локално и општинско ниво и да се постигнат најдобри резултати со парите што се вложуваат во оспособувањето кадар.

Во таа насока, вели, е и законот за практиканство кој првпат во Македонија дава можност сите по завршувањето на образованието да можат да се вклучат во компании и да имаат регуларен договор. Во првите три месеци тие да добиваат по 5.000 денари надомест, а наредните три до 12.000 колку што изнесува минималната плата.

Директорот на СЕТУ „Михајло Пупин“ Димитар Ѓорѓиев појасни дека овој проект е започнат минатата година и изрази надеж дека наредните години ќе биде надограден. Тој додаде дека како училиште со помош на компаниите ќе ги опремуваат училниците со цел да има подобри услови за работа на учениците. Се планира и отворање полигон во училишниот двор каде учениците од овој профил ќе може да изведуваат практична работа.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он