Туширањето со тенок млаз и готвењето во мало тенџере дадоа резултат: Домаќинствата заштедиле над 15 отсто струја

Од:

Околу 15% отсто помалку потрошена електрична енергија е заштедата на домаќинствата и на малите потрошувачи, а според министерот за економија, Крешник Бектеши, владините мерки препораки да штедиме ги дадоа првите резултати.

„Мерките даваат резултат. Во септември домаќинствата и малите потрошувачи заштедиле девет проценти, во октомври 17 отсто, за ноември заштедата е 18%, а за декемри 17 отсто. Секогаш заедно можеме!“, објави Бектеши на својот профил на Фејсбук.

Мерките на Владата за домаќинствата и компаниите не беа задолжителни, туку препораки кои ги донесе кон средината на минатиот август со цел да важат од септември 2022 година.

Вклучување на болјер само кога тоа е потреба и по можност во ниска тарифа, готвење во помали садови и туширање со тенок млаз на вода беа дел од препораките за домаќинствата на Владата за следната грејна сезона кои беа усвоени на една од владините седници.

“Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода до максимум. Колку е температурата на водата повисока, толку е и топлинската загуба кон околината повисока. Избегнувајте позиционирање (вклучување) на ладилникот на (нај)ниски температури. Користете ги разумно грејните тела во вашиот дом.

Во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување како и за загревање на просторот во грејната сезона, додека во текот на ноќта во грејна сезона спуштајте ги ролетните и завесите. Користете ги машината за миење садови и машината за перење секогаш полна на ниска тарифа на електрична енергија.

Гответе во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата. Поставете туш со малo протекување на вода во вашите купатила. Во сезона на ладење подесете ја температурата на климатизерите не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени. Користете скали наместо лифт доколку е соодветно за да се намали потрошувачката на енергија“ , беа дел од мерките.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Само Бектеши останува во притвор, другите инволвирани се на слобода

Горан Наумовски

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико