Турскиот бренд „Беко“ ќе инвестира во Тајланд

Од:

Турската компанија за производство на апарати за домаќинство „Беко’’ ќе инвестира 110 милиони долари за изградба на своја фабрика во Тајланд.

Капацитетот, во рамките на турскиот концерн „Арчелик’’ ќе произвеува фрижидери, машини за перење и еркондишни наменети за Тајланд и другите девет држави од АСЕАН, кои се подготвуваат во втората половина на идната година да започнат да функционираат како економска заедница со правила речиси идентични на ЕУ.

 „Беко’’ сега има 14 фабрики во Европа, Кина и Јужна Африка, а новиот капацитет во Тајланд во рок од три години треба да биде меѓу трите најголеми капацитети на оваа компанија.

Газдите од„Беко’’ најавија дека во овој период очекуваат продажба на своите производи во вредност од над 500 милиони долари, од кои само 12 посто ќе бидат остварени во Тајланд.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул