„Турски тек“ сепак ќе стартува по 2017 година

Од:

Стартот на работата на гасоводот „Турски тек“ не може да се очекува пред 2017 година, смета турскиот амбасадор во Русија, Умит Јардим. Неодамна, „Газпром“ излезе со проценка дека, гасоводот ќе започне со работа во декември 2016 година.

-Се уште не е потпишан обврзувачкиот договор за изградба на „Турски тек“ меѓу Москва и Анкара, а се очекува дека гасот ќе протече по 2017 година,- изјави Јардим во интервју за „Интерфакс“.

Тој верува дека кога проектот ќе се реализира, тоа би било голема победа и за Турција и за Русија.Според него, Москва и Анкара ги продолжуваат разговорите по тоа прашање.

„Турски тек“ е алтернатива на проектот „Јужен тек“, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин во декември минатата година објави дека, овој проект се откажува заради противењето на ЕУ, и најави дека Русија планира да го стартува „Турски тек“ кој преку Црно Море би завршувал во Турција.

Би можело да ве интересира

Вучиќ утре ќе го отвори гасоводот „Турски тек“ во Србија

Турски поток значително го намали транзитот на руски гас преку Украина

Ана Ололовска

Вучиќ, Путин, Ердоган и Борисов утре на отворање на Турски поток

Радев: Бугарија дава пари за „Турски поток“

Ана Ололовска

Од 1 јануари почнува транзитната испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Северна Македонија

Ана Ололовска

Газпром: Турски поток почнува со работа во декември

Ана Ололовска