„Турски поток“ или негова алтернатива им се неопходни и на Турција и на Европа

Од:

БТА – Софија

Прашањето за изградба на гасоводот „Турски поток“ ќе се решава во секоја ситуација, изјави за ТАСС експерт од областа на енергетиката и поранешен генерален директор на турската државна хафтена компанија „Боташ“, Мете Гекиел, коментирајќи ја ситуацијата со официјалното запирање на билатералните преговори за овој проект.

Ако Русија има намера да и продава гас на Европа, „Турски поток“ или „Јужен поток“ во ваква или поинаква форма ќе биде неопходен и ќе биде поскап, бидејќи трансанадолискиот „Танап“ нема да може да ги задоволи сегашните потреби на Европа.

– Прашањето за реализацијата на овој проект меѓу Турција и Русија и вака и така ќе биде решено. Се разбира, не треба да се очекува дека тоа ќе се случи наскоро. Во сегашната ситуација, кога шефовите на министерствата за надворешни работи мачно ја одржаа својата прва средба, конјунктурата засега не е во корист на тие преговори, рече Гекиел.

Во однос на перспективата на проектот „Танап“, кој Анкара го реализира со Баку, Гекиел потенцира дека стопроцентна гаранција за целосна реализација на проектот и за голем обем од гас засега нема.

Во проектот обемот од гас постепено ќе се зголемува – 16 милијарди, а потоа 32 милијарди метри кубни. – А потоа е неизвесно дали Азербејџан ќе ги доставува тие количини, дали ќе може, вели Гекнел.

На Европа и Турција им се потребни се поголеми количества на гас. Побарувачката само ќе расте. И за разлика од Танап, Русија во рамките на „Турски поток“ предлага веднаш да се пренесат по главната линија 31 милијарди кубни метри гас.

Русија го има тој потенцијал и таа ќе може да го оствари тоа. Освен тоа, ќе треба да се земе предвид дека втората линија на „Северен поток“ ќе чини поскапо од „Турски поток“.

Што се однесува до преспективите Турција да го замени рускиот гас, Гекнел смета дека реална алтернатива на рускиот гас нема да биде најдена. Преку „Син поток“ секојдневно минува толку гас колку што можат да прифатат сегашните капацитети за течен гас, кој се претпоставува дека ќе се купува од Катар и ќе продолжи да се купува од Алжир.

– Турција може да го купува тој гас, тој нема да биде вишок, но тој и така нема да биде доволен, смета експертот.

Тој посочува дека проблем во плановите за увозот на течен гас се недоволните капацитети за чување и распределлба на тој енергенс.

Неопходни се нови и погоелми складишта. Изградбата на едно такво складиште одзема околу три години, а изградбата на на инфраструктура за гасификација – уште една година, а гас на Турција и е неопходен уште оваа зима, вели Гекиел.

Така што за тоа е потребно време и уште едно нешто не толку неважно – големи средства.

– Истовремено ќе треба да се занимаваме со развивање на целиот инфраструктурен систем. Тоа е работа од огромен обем и инвестиции, кои треба да бидат пронајдени, рече Гекнел.

Би можело да ве интересира

Вучиќ утре ќе го отвори гасоводот „Турски тек“ во Србија

Турски поток значително го намали транзитот на руски гас преку Украина

Ана Ололовска

Вучиќ, Путин, Ердоган и Борисов утре на отворање на Турски поток

Радев: Бугарија дава пари за „Турски поток“

Ана Ололовска

Од 1 јануари почнува транзитната испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Северна Македонија

Ана Ололовска

Газпром: Турски поток почнува со работа во декември

Ана Ололовска