Туристичките убавини на Македонија ќе се претстават на Гугл

Од:

Македонскиот туризам ќе биде презентиран на интернет пребарувачот Гугл, со цел да се претстават убавините на Македонија и да се привлечат туристи.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека во рамки на другите активности што се преземаат за развој на туризмот, е и промовирањето на Македонија преку Гугл.

– Туризмот е една од клучните гранки, бидејќи се работи за извозна дејност, носи девизен прилив и е важна за Република Македонија. Вложуваме доста и во делот на креирање понуда за туристи, меѓутоа и во делот на рекламирање и презентирање на земјата пред странските туристи. Во тие рамки Гугл е најголемата пребарувачка машина во светот што ја користат сите и во рамки на останатите активности е и промоцијата на Македонија преку Гугл, истакна Ставрески.

Тој верува дека на таков начин многу поголем број луѓе ќе дојдат до сознанија за Македонија во очекување дека голем дел од нив и да дојдат да ја посетат.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска