Над 50 илјади странски туристи ја посетиле Македонија во јуни годинава. Најголем број 8.522 се од Турција, следуваат од Холандија 4.766, Србија 4.528, Грција 3.828, Бугарија 2.925, Словенија 2.121, а регистрирани се и 1.369 туристи од САД.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, вкупниот број странски туристи во јуни изнесува 51.498 и бележи раст од 11,2 проценти, а вкупно во првите шест месеци годинава изнесува 285.974 странски туристи со раст од 6,1 отсто.
Вкупниот број туристи во јуни изнесува 70.673, а бројот на ноќевањата 170.898. Бројот на домашните туристи во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е намален за 10.9 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 11.2 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2014 година, во однос на јуни 2013 година, е намален за 10.8 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 8.8 отсто.
Во периодот јануари-јуни 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.1 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 5.2 отсто, а кај странските има зголемување за 6.5 отсто.
Во периодот јануари-јуни 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4.5 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 1.4 отсто, а кај странските има зголемување за 6.8 отсто.