Трошоците на живот во септември зголемени за 0,2 проценти

Од:

Трошоците на живот во септември се зголемени за 0,2 проценти, а цените на мало се намалени за 0,2 проценти во споредба со август, објави денеска Државниот завод за статистика.

Порастот се должи на повисоките индекси на свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 2,6 проценти, јајцата за 2,4 проценти и компирот за 1,3 проценти. Цените на месото, рибата, морските плодови и замрзнатото овошје се зголемиле за 0,7 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 проценти, сувото овошје, јаткастите производи и алкохолните пијалаци за 0,3 проценти и сушеното, соленото и чаденото месо за 0,2 проценти.

Во септември пораст на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата, течните горива за домаќинствата, течните горива и мазива, средствата за чистење и одржување на станот, здравствените услуги, ветеринарните и другите услуги за домашните миленици, книгите……

Намалување на индексот на трошоците на животот има кај оризот и полномасното млеко за 1,1 отсто, изнутриците за 0,5 отсто, другите прехранбени производи за 0,4 отсто и свежото и разладеното овошје за 0,3 отсто. Намалување е забележано и кај авионскиот превоз на патници, туристичките пакет-аранжмани, услугите за сместување, болничките услуги, велосипедите, обувките и лековите.

Во споредба со септември минатата година, трошоците на живот се зголемени за 0,2 проценти, а цените на мало за 0,5 проценти.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски