Трошоците на живот во мај пониски за 0,2 отсто од април

Од:

Трошоците на живот, мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во мај во однос на април годинава, се намалени за 0,2 отсто, а  споредено со мај лани се зголемени за 3,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во мај во однос на април статистика евидентура намалување на цените во групите:„транспорт“ за 2,3 проценти, „храна и безалкохолни пијалаци“ за 0,3 проценти, „домување, вода, електрика, гас и др. горива“ за 0,2 проценти и „рекреација и култура“ за 0,1 процент.

Пораст на трошоците на живот е забележан во групите: „облека и обувки“ за 0,9 проценти, „ресторани и хотели“ за 0,6 проценти, „мебел, покуќнина и одржување на покуќнина“, „здравје и останати стоки и услуги“ за 0,4 проценти и „алкохолни пијалаци, тутун“ за 0,3 проценти. На ниво од претходниот месец се цените на групите „комуникации“ и „образование“.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот

Ана Ололовска