Тркалезна маса за дуалниот систем на образование против невработеноста кај младите лица

Од:

„Дуалниот систем на образование против невработеноста кај младите лица“ е наслова денешната тркалезна маса што ја организираат Германско-македонското стопанско здружение во партнерство со Фондацијата Конрад Аденауер и Занаетчиската комора на Република Македонија.

Ќе се обратат Сандра Кољачкова од Фондацијата Конрад Аденауер, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој ќе направи приказ на моменталната состојба за реализација на практична обука во компании во Република Македонија, директорот на Германската стопанска комора во Македонија, Мартин Кнап кој ќе зборува за дуалниот образовен систем во Германија.

За законската регулатива и за проектите за практична едукација ќе зборува Оливија Тасиќ, директорка на Занаетчиската комора, а ќе бидат презентирани примери од две компании за нивните практики и едуцирања.

Би можело да ве интересира

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Невработеноста е на историски најниско ниво од 15,2% објави Владата

Катерина Ѓуровски

До крајот на мандатот невработеноста ќе ја намалиме под 10% најавува премиерот

Катерина Ѓуровски

Влада: 284,9 милиони денари за поддршка на нови 1.216 вработувања во реалниот сектор

А1он

Владата усвои стратегија за вработување која предвидува стапката на невработеност да падне на 11%

А1он