Невработеноста е на историски најниско ниво од 15,2% објави Владата

Од:

Невработеноста во четвртото тримесечје од 2021 година е на најниско ниво во независната економска историја и изнесува 15,2%, согласно податоците на Државниот завод за статистика. Во споредба со истиот период во 2020 година, истата е намалена за 5,6%, односно 0,9 процентни поени се вели во соопштението објавено од прес службата на Владата.

dobivaj vesti na viber

– Владата продолжува со посветена работа за создавање услови и поддршка за натамошно намалување на невработеноста до крајот на годината. Согласно Планот за забрзан економски раст, со растот на инвестициите, стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3% во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6 %. Економските политики на Владата даваат резултати, просечната месечна нето плата во декември 2021 изнесува 29.943 денари, постигнавме договор за историско највисоко ниво на минималната плата од 18.000 денари, а согласно статистика растот на нашата економија во 2021 година изнесува 4%, кој е близу до владината проекција од 4,1%. Во услови на светска криза се грижиме и за зачувување на стандардот на пензионерите. Затоа го реализираме и најголемото покачување на пензиите, кои континуирано ќе растат со новата методологија која е усвоена според швајцарски модел. Така, пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, од септември натаму секој месец ќе имаат просечно 900 денари плус на својата сметка и тоа е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Евростат: Стапката на невработеност во ЕУ е шест проценти

Рекорден број Французи дале отказ од работа во потрага по постојана работа

А1он

Намалена невработеноста во Грција

А1он

Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Хаѕидакис: Невработеноста во Грција падна на 11,9 отсто во февруари и не е прво априлска шега

А1он

Рекордно ниско ниво на Американци кои добиваат помош за невработеност

А1он