Тркалезна маса: „Факторингот како алтернативен извор на финансирање”

Од:

Регионалната комора при Стопанската комора на Македонија од Кичево, во соработка со Проектот на УСАИД за факторинг, денеска одржа тркалезната маса на тема: „Факторингот како алтернативен извор на финансирање“.

„Проектот на УСАИД за факторинг има за цел да им помогне на малите и средни претпријатија преку едукација и информирање за пристап кон алтернативни финансиски средства. Факторингот, како алтернативен извор на финансирање, го помага растот на претпријатијата преку обезбедување брз пристап до финансиски средства, подобрување на готовинскиот тек на фирмите и поефикасно развивање на истите. На трказезната маса на фирмите-членки на регионалната комора од Кичево, детално им беа објаснети следните прашања: како функционира Факторингот, кои се трошоците за фаакторинг и кој е бенефитот од факторинг, изјави Ловре Ристевски директор на проектот.

Тркалезната маса на тема се одржа во Регионалната комора во Кичево а на неа учествуваа повеќе заинтетесирани фирми од кичевскиот регион.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка