Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Од:

Автомобил удрил во две малолетнички во Кичево и избегал од местото на несреќата. Едното девојче се здобило со тешки телесни повреди.

„ На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на бул.„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во две малолетнички и го напуштило местото на несреќата. Притоа, едната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.“ велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево. Полицијата трага по возачот и по возилото.

Би можело да ве интересира

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он