Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Од:

МВР извести дека вчера полициски службеници од полициската станица во Кичево го уапсиле Л.З.(23) од кичевското село Длапкин Дол.

Уапсениот вчера околу 8.10 часот на кружен тек од магистралниот пат А2 и улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, со возило „опел“ удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулација на сообраќајот.

„Полицискиот службеник се здобил со тешки повреди констатирани во Општата болница во Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица од Кичево. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Повреден полицаец со пиритехничко средство по ракометен натпревар во Кавадарци

Кривична за полицаец од Скопје, вршел психичко насилство врз неговите малолетни деца

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

МВР: Полицаец од Битола ја истепал невенчана сопруга и ја повредил