Трипуновски: Преку Јавниот повик за Мерката 112 ги вклучуваме младите во секторот земјоделство

Од:

Во изминатите денови се распиша Јавен повик бр.02/2025 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2025 година.

Овој Јавен повик се однесува за Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“.

Јавниот повик е наменет за млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години, кои што

• за првпат започнуваат со земјоделска активност;

• преземаат постоечко или воспоставуваат ново земјоделско стопанство;

• и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.

Максималната финансиска поддршка по корисник за Мерка 112 изнесува 600.000 денари, односно 100% од направените трошоци.

Овие предвидени средства ќе се доделуваат за период на реализација на деловниот план и ќе се исплаќаат на годишно ниво но најмногу на три рати. Дополнително предвидена е и 40% авансна исплата на предметната инвестиција.

Крајниот рок за доставување на барањата е 09.05.2025 година

– Би сакал да напоменам дека за аплицирање на Јавниот повик за Мерката 112 се олеснети процедурите околу исполнувањето на критериумите, со кои што излегуваме во пресрет на секој еден млад кој што сака да влезе во земјоделскиот процес. Исто така ги охрабрувам да аплицираат за оваа мерка. Целта на Министерството и на Владата е активирање на младите во земјоделскиот сектор преку низа на мерки. Токму Мерката 112 е една од низата која што ќе им помогне на младите да се активираат и да влезат во земјоделското производство, вели министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Директорот на инспекторатот за земјоделие уапсен во гаражата на Трипуновски, Петровска го прозва Тошковски

Трипуновски: ИПАРД-средствата повторно достапни за македонските земјоделци

Се ограничува маржата на ѓубривата за заштита на домашното земјоделско производство

Левица: Преместувања, откази и партизација во Министерството за земјоделство – Трипуновски ја прекројува систематизацијата

Горан Наумовски

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Трипуновски: Нема кратење на субвенциите