Трговијата, транспортот и сместувањето со најголема додадена вредност во структурата на БДП во 2019

Од:

Бруто-домашниот производ минатата година изнесува 689. 425 милиони денари и во однос на 2018 година номинално е зголемен за 4,3 проценти. Реалната стапка на раст на БДП во 2019, во однос на 2018 година, изнесува 3,2 проценти, покажуваат претходните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните субјекти и други извори.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2019 година имаат секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (20,3 проценти).

Финалната потрошувачка во 2019 година, во однос на 2018 година, номинално расте за 3,7 проценти, а во структурата на БДП учествува со 79,7 проценти.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2019 година изнесува 62,3 проценти.

Вредноста на инвестициите во основни средства во 2019 година изнесува 146 078 милиони денари. Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57,5 проценти, машините и опремата со 32,8 проценти, а останатите инвестиции со 9,7 проценти.

Би можело да ве интересира

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Димитриеска-Кочоска: Растот на македонската економија за наредната година е повеќе од 3,5 отсто

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

A1on

БДП зголемен за 2,2 отсто соопшти Статистика

Народна банка: Нето надворешниот долг достигна 4,32 милијарди евра

A1on