Трета година по ред: Mozzart ги израдува децата на своите вработени со ранчиња и училиштен прибор

Од:

Во компанијата Mozzart веќе е создадена убава традиција – трета година по ред на децата на своите вработени кои оваа есен првпат ќе седнат во училишните клупи им подари ранчиња и комплет училиштен прибор.

Со оваа традиција компанијата сака да им го олесни почетокот на школските денови на првачињата, но и да им покаже на нивните родители – вработените во Mozzart – дека нивната посветеност, труд и лојалност се високо ценети и препознаени.

Првиот училиштен ден е важен чекор исполнет со возбуда, а со оваа иницијатива Mozzart сака да ја сподели радоста и да биде дел од тие посебни моменти во животот на секое дете и секое семејство.
Грижата за вработените претставува основна вредност на компанијата. Од Mozzart велат дека токму преку вакви внимателни и топли гестови се гради доверба, припадност и вистински тимски дух. Компанијата продолжува да вложува не само во професионалниот развој, туку и во личната среќа и благосостојба на своите луѓе.

На сите првачиња им посакуваат среќен почеток, многу насмевки и успех во учењето, а на родителите им упатуваат благодарност за посветеноста и енергијата која секојдневно ја вложуваат во заедничките успеси на Mozzart.

Би можело да ве интересира

Полна сала и овации за „Избраниот“: Компанијата Mozzart продолжува да ја поддржува културата

„Избраниот“ – театарска вечер што Mozzart ја носи поблиску до публиката

Кочани доби нов дом на спортот – Mozzart го отвори теренот „Андреј Лазаров“

Mozzart и годинава со поддршка за првачињата на своите вработени – среќен почеток на училишната приказна

Владата на Северна Македонија ризикува загуби од над една милијарда евра поради непочитување на стекнатите права на приватните организатори на игри на среќа и нивните доделени лиценци.

А1он

Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart пишува нова приказна во Битола