Транспортерите бараат посебни пунктови за корона-тестови и продолжен рок за регистрација на возилата

Од:

Транспортерите бараат посебни пунктови за брзи корона-тестови и пролонгирање на рокот за регистрација на нивните возила до завршувањето на кризата. Во овој момент, како што рекоа денеска на прес-конференција, воопшто не смеат да губат време на закажување термини преку матични лекари, зашто нивната дејност е клучна за непречена размена на стоки и навремено снабдување на граѓаните и индустријата. Регистрацијата, пак, на товарните и патничките моторни возила во ваква ситуација би била дополнително финансиско оптоварување за сите.

Според Филип Манојловски од Услужната комора на Македонија, засега транспортерите работат со преполовен капацитет. Загуби секојдневно бележат, но колкави ќе бидат тие ќе се знае по завршувањето на вонредната состојба. Проблемите со застојот на граничните премини и вадењето специјални дозволи за да не се оди 14 дена во карантин, полека се елиминира.

Фокусот на увозот и извозот засега е ставен на неопходните продукти – прехраната и индустријата.

-Апелираме, осигурителните компании да ја продолжат важноста на полисите додека трае вонредната состојба. Потребно е да се преземат и вонредни мерки како генерално одложување на обврските за рати на кредити овие три месеци во целост. Откако ќе заврши кризата да се продолжи нормално враќање на ратите, а тоа да се примени и за одложување на лизинг обврските, потенцира Манојловски и додаде дека треба да се разгледа можноста, К-15 за вработените да се одложи со уредба за наредната година или да се укине обврската за годинава. Дел од мерките кои се преземени во Словенија во оваа насока, се зголемување на платите на оние гранки кои во моментот се најоптоварени како медицинскиот персонал, вработените во трговија, транспорт, рече Манојловски.

Според него, ако запрат со работа возачите на товарни возила кои сега се најизложени на ризик и се одговорни исто како докторите, полицијата, војската и медиумите, рафтовите во маркетите би останале празни, економијата би ризикувала застој, а фабриките би имале проблеми со дистрибуција на производите. Во овој контекст напомена дека Царинската управа и царинските службеници мора да работат со полн капацитет, а Владата итно да ги донесе неопходните економски мерки.

Манојловски укажа дека транспортните компании и натаму ги обезбедуваат и запазуваат сите превентивни мерки донесени од Владата за заштита и превенција од КОВИД-19. Секојдневно се врши дезинфекција на возилата, се обезбедуваат заштитни маски, ракавици и заштитни навлаки за обувки согласно сите препораки.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска