Трамп со благодарност до Саудиска Арабија поради ниската цена на нафтата

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска во објава на Твитер укажа дека намалувањето на цените на нафтата е одлично и се заблагодари на Саудиска Арабија за тоа.

Цената на бензинот во САД деновиве се намалува како резултат на падот на цената на суровата нафта. Американската „лесна“ нафта на берзите денеска достигна 54 долари за барел.

– Тоа е како големо даночно олеснување за Америка и за светот. Уживајте. Беше 82 долара сега е 54 долари. Благодарам за Саудиска Арабија, но да одиме уште пониско, соопшти Трамп во објава на Твитер.

Оваа изјава на претседателот се најде на удар на критики од Капитол хил, како од страна на републиканците така и од демократите.

Според некои политичари во Вашингтон, Трамп го занемарува кршењето на човековите права, па и убиството на американски жител како новинарот Џемал Кашоги, по цена да не се загрози неговата политика за економски развој на земјата.

Републиканецот Боб Коркер, кој заседава со сенатскиот Комитет за надворешни работи, изјави дека Белата куќа сега работи како „фирма за односи со јавност на принцот престолонаследник на Саудиска Арабија“.

Коркер и демократскиот сенатор Боб Менендез беа предизвикани да испратат писмо до Трамп и да побараат од него да дознае дали принцот Мухамед бин Салман го нарачал убиството на Кашоги.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако има напредок би можел утре да одам во Истанбул, порача Трамп

ВИДЕО: Само будала не би прифатила бесплатен авион од Катар, вели Трамп

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: САД и Велика Британија постигнаа договор за царините

Катерина Ѓуровски

Неговата слика како папа не им се допаѓала на „медиумите за лажни вести“, верниците ја сакале тврди Трамп

Катерина Ѓуровски

Трамп нареди повторно отворање на Алкатраз

Катерина Ѓуровски