ВИДЕО: САД и Велика Британија постигнаа договор за царините

Од:

Британската влада утрово објави официјално соопштение за трговскиот договор меѓу Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави. Иако договорот се уште не е официјално потврден, се укажува на тоа дека е постигнат.

“Премиерот секогаш ќе дејствува во британскиот национален интерес – за работниците, бизнисите и семејствата. Соединетите Држави се незаменлив сојузник, и економски и во однос на прашањата за националната безбедност. Разговорите за договорот напредуваат брзо, а премиерот ќе даде повеќе информации во текот на денот”, рече Даунинг стрит.

Кир Стармер, лидерот на Лабуристичката партија, утрово има говор на Денот на победата во Европа (ВЕ), па ќе биде интересно да се види дали тогаш ќе го спомене договорот.

Ако не, се очекува нешто да се слушне за тоа во парламентот, а подоцна во текот на денот – во 15 часот по локално време – најавено е официјално обраќање од САД, кое синоќа го најави Доналд Трамп.

Секретарот за одбрана Џон Хили утринава изјави за Sky News дека не може да ги прејудицира случувањата пред официјалното соопштение од Даунинг стрит, но додаде: „Уверен сум дека нашите преговарачи ќе обезбедат добар договор со Америка“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Неизвесна е одлуката на Трамп за Иран, од Техеран порака дека нема прелиминарен договор

Катерина Ѓуровски

Азизи: Иран нема да се откаже од своите црвени линии

Трамп: Нема договор без нормализирање на односите меѓу арапските земји и Израел

Горан Наумовски

Аксиос: Трамп ја назначи Пам Бонди во советодавниот одбор за вештачка интелигенција

Трамп: Оман ќе се однесува како сите други или ќе мора да ги дигнеме во воздух

Трамп: Дури и ако Иран се предаде, медиумите ќе пишуваат дека САД претрпеле пораз