Трагедија во Германија – пиво вредно милиони евра пропадна поради корона-кризата

Од:

Голем број германски пиварници во отворено писмо предупредија на катастрофалните последици од корона-кризата и „локдаунот“ врз производителите на пиво, до степен до кој, како што велат, е загрозен опстанокот на дел од нематеријалното наследство на УНЕСКО во Германија.

Кафулиња, барови, ресторани се затворени во Германија со месеци, објаснуваат во отвореното писмо, објавено на веб-страницата на Германското здружение на пивари, што доведе до тоа производителите на пиво едвај да можат да продадат нешто од пивото наменето за точење во рестораните.

Тие објаснија дека дури не се одржуваат ни свечености, како места каде што инаку пиво се точи во кригли во огромни количини.

„Производи вредни милиони евра, чијшто рок на траење е истечен, мораа да бидат уништени“, објаснуваат тие.

Во писмото, пивопроизводителите апелираат за помош не само за себе, туку предупредуваат и на состојбата со земјоделците, врз чија работа се темели производството на пиво. Тие предупредија дека 1.500 земјоделци изјавиле дека досега не биле вклучени во програмите за помош и дека доколку владата во Берлин и владите во одредени региони на Германија не реагираат на насочен и брз начин, „на многу погони им се заканува несолвентност. “

Производителите на пиво во Германија наведуваат и дека во март 2020 година УНЕСКО го призна традиционалното производство на пиво во оваа земја како нематеријално културно наследство, кое сега е „акутно загрозено“.

Тие се повикуваат на Заводот за статистика на Сојузна Република Германија и наведуваат дека во 2020 година во Германија се продало 5,5 проценти помалку пиво отколку претходната година. Дефицитот, според таа пресметка, главно оди на сметка на пивото кое се продава за точење.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите