Трафостаници на МЕПСО впишани како сопственост на ЕВН за хипотека од 77 милиони евра што влијаело врз цената за пренос на струја

Од:

Во извршената ревизија на Државниот завод за ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на АД МЕПСО за 2021 година и влијанието на енергетската криза во работењето, ревизорите утврдиле дека има разлики помеѓу сметководствената состојба, фактичката состојба и имотните листови за трафостаниците.

Истите требало да бидат во заедничка сопственост на МЕПСО и ЕВН Македонија, но според имотните листови се впишани во сопственост само на ЕВН Македонија.

„Со ревизијата е утврдено дека постои неусогласеност во бројот на далекуводи и трафостаници евидентирани кај надлежните оддели во АД МЕПСО Скопје и со податоците во сметководствената евиденција и тоа трафостаниците кои требало да бидат во заедничка сосопственост на АД МЕПСО Скопје и ЕВН Македонија АД, според издадените имотни листови се впишани во сопственост само на ЕВН Македонија АД. Иако АД МЕПСО Скопје прави напори за нивен упис врз основа на Законот за преобразба на Електростопанство на Македонија, од страна на Агенцијата за катастар на недвижности до периодот на извршување на ревизијата не е извршен нивен упис во имотните листови на друштвото, се констатира во ревизијата“, открија ревизорите.

Со извршениот увид во имотните листови, ревизорите утврдиле дека за две трафостаници е запишано право на залог (хипотека) за износ на побарување од 77 милиони евра на ЕБОР како носител на право (доверител), при што хипотекарен должник е запишана ЕВН АД Македонија, како носител на право (сопственик). Поради не потврдено правото на сопственост на АД МЕПСО Скопје, одлуките во кои постои ризик за отуѓување на средствата над кои е воспоставена хипотека, се носат без негова согласност.

„Оваа состојба има влијание на висината на тарифата за пренос на електрична енергија, која се утврдува со одлука од страна на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) врз основа на сметководствените податоци и финансиски евиденции доставени од страна на АД МЕПСО Скопје“, се констатира во извештајот.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

Орце Костов