Тојота во 2012 година повторно лидер на автомобилскиот пазар

Од:

Тојота, како што и се очекуваше, 2012 година ќе ја заврши како најголем светски производител на автомобили. Според податоците на компанијата, во текот на 12-те месеци од оваа година од производните ленти на фабриките на Тојота се симнаа 9,7 милиони возила.

Глобалното производство на Тојота, кое во текот на 2011 година беше значително намалено заради последиците што врз Јапонија ги предизвикаа земјотресот и цунамито, оваа 2012 година ја заврши со раст од 26 отсто.

Освен тоа, како што во средата на 26 декември соопшти јапонскиот производител, се проценува дека до крајот на годината вкупната светска продажба на автомобилите на овој гигант ќе достигне 9,7 милиони единици, што претставува раст од 22 отсто во споредба со претходната година.

Второто место, зад Тојота, го зазеде американскиот гигант Џенерал Моторс (ЏМ), за кого се проценува дека годинава на купувачите им испорача 9,3 милиони возила, додека на третото место е Фолксваген групата со вкупна продажба од девет милиони возила.

Тојота, генерално, имаше одлична производна и продажна година, особено ако се земат во предвид проблемите од 2011 година, кризата на европскиот автомобилиски пазар и бојкотот на јапонските производи во Кина, предизвикан од територијалниот спор меѓу двете држави околу островите во Источното Кинеско море.

Во јапонската компанија очекуваат дека следната година ќе биде уште подобра. Покрај претставувањето на неколкуте нови и редизајнирани модели Тојота планира во 2013 година на светскиот пазар да продаде 9,9 милиони автомобили.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска