Тирана бара од Москва да се откаже од ембаргото

Од:

Претставници на албанското Министертво за земјоделство престојуваат во Москва со цел да ги убедат руските власти да ја стопираат одлуката за забрана за албанското овошје и зеленчук, која стапува во сила на осми декември.

Ваква одлука Москва донесе откако откри дека од воведувањето ембаргото кон земјите од ЕУ увозот од Албанија се зголемил за четирипати. Овој факт, како што пренесува тиранската телевизија Топ-чанел,била причината руските власти да се посомневаат па во соработка со албанските почнале истрага за верификација на потеклото на овие производи.

-Од истрагата беше утврдено дека во Република Чешка,се правел фалсификат на фито-санитарните потврди издадени во Албанија, по што на нив биле внесувани производи од земјите на ЕУ. Оваа стока во Русија влегувала преку Белорусија и Казахстан,следејќи го речиси истиот пат по кој минувале албанските производи, – велат од албанското Министерство за земјоделство.

По ова, според министертвото, преземени се дополнителни мерки за побезбедни елементи во потврдите, со цел да не може истите да се фалсификуваат и е побарано од руските власти да разменат инфрмации за секоја сомнителна испорака. Но, се чини дека ова за руските власти не било доволно.

-Мојот официјален став е дека оваа одлука од руска страна не е неоправдана, бидејќи од Албанија нема ни најмало непочитување на правилата за извоз во Руската Федерација, -изјави министерот Едмонд Панарити.

Албанскиот извоз за Русија не е за потценување и ваквата одлука на Русите ќе предизвика голема штета, бидејќи од година во година бележи силен раст и само од 2012 до 2013 тој се зголемил за шестпати.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година