Тиквеш ги исплати парите за откупеното грозје од последната берба

Од:

Винарската визба „Тиквеш“ денеска соопшти дека на лозарите целосно им ги исплатила средствата за откупеното грозје од последната берба.

Заклучно со 28 април исплатени се вкупно 263,5 милиони денари за откупени 17,5 милиони килограми грозје.

– При тоа, исплатата на средствата за индивидуалните лозари заврши уште на почетокот на месец април, што е скоро еден месец пред крајниот рок определен со законската регулатива, се вели во соопштението.

Од „Тиквеш“ истакнуваат дека исплатата на средствата за откупеното грозје од бербата во 2016-та година се одвивала во континуитет во законски предвидените рокови.

– Со ваква динамика и континуитет во исплатата на средствата за откупеното грозје, винарската визба „Тиквеш“ им овозможи на своите партнери-лозарите навремено да ги завршат сите планирани земјоделски активности во лозјата, велат од компанијата.

Би можело да ве интересира

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година