Тевдовски поддржува решение пензонерите да не одат за регистрација во УЈП

Од:

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска изјави дека поддржува наоѓање решение со кое ќе се овозможи пензионерите без дополнителни приходи да немаат обврска да одат во Управата за јавни приходи со новиот проект за регистрирање на приходите.

– За да излеземе во пресрет на граѓаните УЈП работи на решение да им се олесни на пензионерите кои немаат дополнителни приходи надвор од пензиите за практично дури и да немаат потреба да одат во УЈП. Тоа, пред се, е работа на УЈП, но јас лично поддржувам такво решение и сметам дека УЈП во моментот работи на разгледување на решение да им се олесни на пензионерите. Мислам дека УЈП ќе може да најде нешто со што би им се излегло во пресрет на пензионерите, рече Тевдовски.

Тој посочи дека проектот што го спроведува УЈП, е почнат од претходната влада, поддржан е со пари од ЕУ, а идејата е да се подобрат услугите на Управата кон граѓаните. Треба да се овозможи наместо граѓаните како години наназад сами да пополнуваат пријава, за нив тоа да го направи даночната управа и потоа да им биде само покажана дали ја одбруваат или не, рече Тевдовски, по потпишувањето на Договорот за заем од ЕБОР за модернизација на патот Крива Паланка – Деве Баир.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа