Тесла во Австралија ќе го гради најголемиот систем од батерии во светот

Од:

Најголемиот систем на батерии во светот, оној што Јужна Австралија го купи од Тесла на крајот на 2017 година, наскоро ќе биде симнат од врвот. Сојузната држава Викторија ќе добие нов, поголем, на десетина километри југозападно од Мелбурн. И овој проект ќе го гради Тесла.

Системот Хорнсдејл со моќност од 100 мегавати, во Јужна Австралија може да снабдува електрична енергија со 30.000 домаќинства околу еден час и на тој начин да помогне кога, поради разни природни непогоди, ќе се изгуби редовно снабдување со електрична енергија во кој било дел на областа. До крајот на 2019 година, овој систем веќе донесе заштеда од над 50 милиони долари, што е еднакво на почетната инвестиција во него.

Сега овој пример го следи и соседна Викторија, откако сега тие му ја доверија на Тесла задачата да изградат уште поголем систем на батерии. Тој ќе има моќност од дури 300 мегавати, што значи – капацитет од 450 мегават-часови. Изградбата ќе почне кон крајот на 2021 година.

Би можело да ве интересира

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Тесла го зголеми производството и испораката на возила во четвртиот квартал од 2022 година

А1он

Маск ги продаде акциите на Тесла

А1он

Акциите на Тесла паѓаат поради Твитер, новата инвестиција на Маск

А1он

Маск продаде акции од „Тесла“ во вредност од речиси четири милијарди долари

Ана Ололовска

Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари

А1он