„Тесла“ со рекордна загуба од 710 милиони долари

Од:

Американската автомобилска компанија „Тесла“ забележа рекордна загуба од 710 милиони долари во првиот квартал од годинава.

Губењето од 3,35 американски долари по акција е пониско од предвиденото од аналитичарите кое се движи од 3,58 до 3,54 американски долари по акција, но тоа предизвика акциите на компанијата да паднат за речиси шест отсто на 283,10 долари, пренесуваат светските медиуми.

И покрај петтиот последователен квартал на рекордни загуби, „Тесла“ останува оптимист со позитивни очекувања за остатокот од тековната година,

– Компанијата „Тесла“ постигна значителен напредок на планот на зголемување на производството на „Модел 3“ во втората половина на првиот квартал, се наведува во писмото на компанијата упатено до акционерите.

Целта на компанијата е и натаму да произведува 5.000 автомобили неделно до крајот на вториот квартал, што директорот Елон Маск и претходно ветуваше, но не исполнуваше.

Од компанијата е соопштено дека во април неделно се произведувани по 2.270 возила, што значи дека „Тесла“ би можела двојно да го зголеми производството до крајот на јуни. Доколку успее да ја оствари таа цел, компанијата тврди дека ќе се врати на „патеката на профитот“.

Би можело да ве интересира

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Тесла го зголеми производството и испораката на возила во четвртиот квартал од 2022 година

А1он

Маск ги продаде акциите на Тесла

А1он

Акциите на Тесла паѓаат поради Твитер, новата инвестиција на Маск

А1он

Маск продаде акции од „Тесла“ во вредност од речиси четири милијарди долари

Ана Ололовска

Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари

А1он