Тесла ја надмина Тојота, повредна и од Дизни и Кока Кола

Од:

„Тeсла“, компанијата за производство на автомобили на Илон Мaск, се искачи на врвот на листата на највредните производители во 2020 година.

Според пазарната вредност, таа ја надмина „Тојота“ и стана највредниот производител на автомобили во светот. „Тојота“ е на второто место, додека „Тесла“ е повеќе од двојно вредна од „Фолксваген“.

Најновите податоци покажуваат дека Илон Маск повторно го зазеде врвот. Пазарната вредност на „Тесла“ сега е околу 184 милијарди американски долари, што е за 4,3 милијарди повеќе од „Тојота“.

„Тесла“ исто така е повредна од „Кока-Кола“, „Дизни“, „Циско, „Мерк“ и „Ексон Мобил“.

Во изминатата година, акциите на „Тесла“ пораснаа за речиси 350 проценти, достигнувајќи проценета вредност седум пати поголема отколку во исто време минатата година. Многумина сè уште сметаат дека компанијата на Маск е преценета, со оглед на количината автомобили испорачани во светот.

Многумина сметаат дека „Тесла“ е технолошка, а не автомобилска компанија. Во изминатите 12 месеци, заклучно со 31 март 2020 година, „Тесла“ испорача нешто помалку од 400.000 електрични возила во светот.

Сега на берзата во Њујорк има само 19 компании кои се повредни од „Тесла“.

Би можело да ве интересира

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Тесла го зголеми производството и испораката на возила во четвртиот квартал од 2022 година

А1он

Маск ги продаде акциите на Тесла

А1он

Акциите на Тесла паѓаат поради Твитер, новата инвестиција на Маск

А1он

Маск продаде акции од „Тесла“ во вредност од речиси четири милијарди долари

Ана Ололовска

Маск продаде акции на „Тесла“ за 6,9 милијарди долари

А1он