Жестока кавга, тензии и прекин на седницата. Тема на надзорната расправа е распределбата на субвенциите.
Игор Ивановски од СДСМ го праша вицепремиерот Зоран Ставрески, дали стои зад изјавата на премиерот Никола Груевски дадена во 2011-та, дека за субвенции се дадени 115 милионои евра?
Денеска Ставрески изјави дека вкупниот износ што го дала владата на ВМРО-ДПМНЕ за субвенции изнесува 375 милиони евра, за разлика од 5-те милиони во 2006-та.
Ивановски од Ставрески побара како прваче, да одговори со ДА или НЕ.
Во надвикувањето и зборувањето на глас, Ставрески се обиде да каже колку ВМРО-ДПМНЕ давале за субвенци секоја година.
Ивановски инсистираше да добие краток и прецизен одговор и праша каде се разликите во парите и изјавите.
На Ставрески му рече – вашиот кумашин рече 115 милиони евра.
Официјално од Агенцијата велат 93 милиони евра, а во завршната сметка се 75 милиони евра.
Претседателот на Комисијата, Ленче Николовска поради гужвата и кавгите, ја прекина седницата на 15 минути, за да се смират страстите.
За време на паузата Ивановски упорно се обидуваше да добие одговор од Ставревски зошто има разлика во бројките. Му покажуваше документи кои Ставревски, завртен со грб, не сакаше да ги види. И во моментов атмосферата е напната и тензична.