Темелковски: Ние не знаеме дали е продаден хотелот Славија

Од:

Менаџерот на Хотелот Славија, Зоре Темелковски рече дека на сметка на фирмата Славија Спектар која до 2020 година со фирмата Л19 има договор за стопанисување со хотелот се уште не се легнати пари. Дали хотелот е продаден или не се уште не знам, иако вчера на разговори во хотелот беа сопственикот на Славија, индискиот бизнисмен и Виктор Мизо потврди за А1 Темелковски.

„Ние немаме ништо притоа продажбата, знам дека се усогласени ставовите, но пари на сметка кај мене се уште нема легнато. Можеби се легнати пари на сметка на главниот сопственик па тој нас да ни ги префрли парите. Со Славија Спектар се уште менаџира актуелниот менаџерски тим. Сопственикот нас се уште не нема известено за тоа. До сега хотелот го менаџиравме одлично и имаме позитвни резултати во досегашното работење“ вели Темелковски за А1.

Темелковски вели дека влезот на странскиот инвеститор во Охрид е добар чекор за развојот на туризмот во Македонија.

„Ако Индиецот навистина го купил хотелот , со тоа ја покажува својата сериозност да инвестира во Охрид“.

Од општина Охрид каде треба да биде уплатен данкот на имот не можеа да потврдат дали данокот за хотелот е платен бидејки велат дека станува збор за процедура која трае неколку дена. Хотелот беше под хипотека во Комерцијална банка. Неофицијално потпишани биле договори во Комерцијална банка за тргање на хипотеката, и оти Индиецот веќе ги платил хипотекарните долгови
Порталот Фактор пренесува дека Сахара Индија Паривар го купи хотелот Славија, и оти тоа за нив го поотврдил и досегашниот сопственик на хотелот Владо Рувинов.

“Точно, индискиот бизнисмен Субрата Рој стана сопственик на хотелот Славија. Можам да кажам дека четиримесечните последни преговори вродија со плод. Субрата Рој дефинитивно го купи хотелот со најубава локација на Охридското крајбрежје. Сакам да искажам огромна благодарност до премиерот Груевски, до министерот Ставрески и до директорот Виктор Мизо за се што до сега направија, што во земјава донесоа сериознен инвеститор како Субрата Рој. Со ова, но и со реализацијата на грандиозниот проект на Субрата Рој во Љубаништа мислам дека ќе се прероди и Охрид и Македонија“, изјави Рувинов.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил“ од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

Горан Наумовски