Тајмс: Ако не се постигне договор ЕУ сака царинска контрола во Ирското Море

Од:

Во случај на непостигнување договор за Брегзит, Европската унија сака да воспостави царински контроли во Ирското Море, меѓу Северна Ирска и остатокот со Велика Британија, соопшти денеска лондонски „Тајмс“, повикувајќи се на писмо на премиерката Тереза Меј во кое весникот имал увид.

Според весникот, Меј го напишала тоа до мала северноирска партија од која зависи нејизното мнозинство во Парламентот. Таа наведува дека ЕУ бара резервно решение што би обебзедило во таа британска покраина да се применуваат истите прописи како во Ирска и да се избегне со тоа цврста граница.

Во писмото Меј вели дека никогаш не би се согласила да стапи на сила одвојување на Северна Ирска од Велика Британија.

Тајмс нагласува дека северноирската Демократска унионистичка партија тоа го протолкувала како согласност со британската премиерка таа одредба да се вклучи во правно-обврзувачки договор.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца