Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати и Унијата на авономни и независни синдикати, денеска со семинар и со заедничка прес-конференција ќе го одбележат 7 Октомври – Светскиот ден за пристојна работа.
Оваа година Светскиот ден за пристојна работа се одржува по шести пат. Во 2007 година, согласно Агендата на Меѓународната организација на трудот, усвоена во 1999 година, организациите Global Progressive Forum, Social Alert, Solidar, како и Европската конфедерација на синдикатите (ЕТУЦ), со цел враќање на достоинството на трудот, формираа Алијанса за достоинствен труд.
Одзивот на синдикатите и на работниците во голем број земји во светот беше голем, така што Меѓународната конфередација на синдикатите (ИТУЦ) од 2008 година, 7. Октомври го прогласи и го одбележува како Меѓународен ден за пристојна работа, или за достоинствен труд.
Светскиот ден за пристојна работа денеска го одбележуваат синдикатите во речиси сто земји во светот.