Светската финансиска елита на меѓународна конференција во Скопје

Од:

Македонија денеска е домаќин на меѓународна конференција на која ќе присуствуваат еминентни личности чие мислење е значајно за светските финансиски текови.

Меѓу нив се Беноа Кере, еден од шесте постојани членови на Европската централна банка, Тао Џанг, заменик главен директор на Меѓународниот монетарен фонд и Луиз Авазу Переира да Силва, заменик главен директор на Банката за меѓународни порамнувања. Најавено е присуство и на гувернерот на централната банка на Исланд и на вицегувернерите на централните банки на Чешка и Литванија, како и на претставници од најголемата финансиска корпорција за управување со финансиски средства во светот – БлекРок.

Организарот на конференцијата е Народната банка на Република Македонија од каде велат дека овој настан е ретка можност за Македонија. Се работи за глобален настан на кој светската финансиска елита ќе разговара за глобалните макроекономски движења, глобалниот раст, инфлацијата, продуктивноста, геополитичките ризици, како и поставеноста на монетарните политики на меѓународно влијателните централни банки и нивните ефекти врз финансиската стабилност и пазарните движења.

Поканети се околу 200 гости од кои 80 се од странство. Конференцијата ќе биде поделена на четири сесии, а целта е да се направи оцена на тековната состојба и на идните изгледи на глобалната економија.

Конференцијата се организира во соработка со Комитетот за преобразување на Брентон Вудс.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост е значително зголемена изминатите години, работиме на натамошно унапредување

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите