Светска банка силен партнер за Македонија да стане земја со висок приход

Од:

Светска банка ќе биде силен партнер во развојот на Македонија во наредниот период. Во моментов поддржува активности во износ од 350 милиони американски долари, а денеска на средба во Владата се разгледуваа можностите за Македонија да стане држава со високи приходи.

Ова го истакна регионалната директорка на Светска банка Линда ван Гелдер, која денеска во Владата на РМ имаше средба со премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и економските министри.

На средбата, како што посочи, се разгледани приоритетите за поддршка во различни области, како што се подобрување на општинската инфраструктура, надградба и рехабилитација на постојната патна инфраструктура, енергетска ефикасност, социјална заштита и транспарентност.

– Со владините претставници имавме конструктивна дискусија за Македонија да стане држава со високи приходи. Се заложуваме за формирање делотворно партнерство во делот на ефективно спроведување во насока на постигнување економски напредок и споделен просперитет на граѓаните. Разговаравме за низа меѓусебно поврзани области во кој реформите би можеле да и помогнат на Македонија да го постигне овој статус на земја со високи приходи. Макроекономска стабилност и одржливост на тој систем, интеграција во глобалната економија, деловно окружување поволно за инвестиции и раст на приватниот сектор, пристап на можности до сите граѓани, како и ефикасни и транспарентни институции, потенцира Ван Гелдер.

Состанокот го оцени како корисен на кој, покрај тоа што се разгледани приоритетите, почнато е да се оформува и каква ќе биде поддршката на Светска банка.

– Освен нашата претстојна соработка со нетрпение ги очекуваме ефектите од тековните проекти што се спроведуваат. Во моментот поддржуваме седум активности од 350 милиони долари. Заедно со Владата и другите донаторски партнери овие активности се во насока на подобрување на општинската инфраструктура, надградување и рехабилитација на патна инфраструктура, развивање подобри туристички услуги, подобрување на вештините и иновативноста и социјална заштита со посебен осврт на маргинализираните заедници, рече таа.

Како продуктивен состанокот го оцени и министерот за финанси Драган Тевдовски.

Смета дека е добро што има огромно преклопување на гледањето на тоа како треба да се развива Македонија во иднина.

Како што рече, на средбата посебно внимание е посветено на управувањето со јавните финансии и на ефикасноста на јавната потрошувачка.

– МФ веќе започна да релизира многу од мерките кои што се истакнати во стратешки документи на СБ. Клучното е во областа на транспарентноста на јавните финансии. Во таа насока значајно е подобрено транспарентноста во известувањето за јавните финансии. Сега на сајтот на МФ може да се најдат податоци месечни и квартални за извршување на буџетот по буџетски корисници или општини. Подобрен е полугодишниот извештај за извршувањето на Буџетот. Постојат информации за доспеани, а неплатени обврски. Ние во овој домен работиме со СБ и на документ за чистење на овие обврски. Објавивме и граѓански буџет со намера подобро да биде информирана јавноста и да придонесеме за многу позначајно вклучување на граѓаните во креирање на буџетскиот процес, рече министерот.

Потенцира дека до крајот на годината планираат да излезат со промени на Законот за буџет со цел да го подобрат буџетскиот процес и да воведат една кредибилна рамка на среднорочно буџетско креирање.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто