Светска банка планира помош за земјите соседи на Сирија

Од:

Светска банка подготвува финансиска помош за земјите соседи на Сирија, во кои се сместени бегалците сириската граѓанска војна.

Претставник на банката во Вашингтон изјави дека ваквата помош, пред се, се планира за Либан и Јордан и дека околу тоа веќе се преговара со државите од реонот на Персискиот Залив, кои би се вклучиле со средства во финансискиот пакет.

Според Светска банка, планот да им се помогне на сириските соседи, бил добро прифатен од повеќето од планираните учесници во пакетот за помош, па банката се надева дека првите уплати во специјалниот фонд, се очекуваат да пристигнат во следните четири, до шест месеци.
Планот на Банката предвидува, таа да им додели вонредни зајмови на Лобан и на Јордан, а донаторите да ја покриваат, најмалку, каматата на кредитите.

Според податоците на ОН, најголем број сириски бегалци има во пограничните реони на Турција, но многу поголем товар за економијата се бегалците во другите две помали соседни економии – либанската и јорданската.

Во Либан, бројот на бегалците претставува дури 30 отсто од вкупното население на оваа земја, а во Јордан, дваесет отсто, што е многу повеќе отколку во далеку понаселената и економски посилна Турција.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени