Светска банка: Mакедонската економија годинава со раст од 2,9 отсто, а следната 3,2

Од:

Македонија минатата година забележа економски раст од 2,5 отсто, а во 2019-та ќе достигне 2,9 проценти, објави Светска банка во јануарскиот Глобален економски извештај.

За 2020 година Светска банка предвидува раст на македонскиот БДП од 3,2 отсто, а во 2021 од 3,3 проценти.

Проекциите на банката за Македонија се коригирани во нагорна линија за 0,2 отсто и за лани, и во 2019, 2020 и 2021 година.

Во извештајот на Светска банка се наведува дека економскиот раст забележан во изминатата година по изборот на новата Влада придонесе за ставање крај на политичката криза и подобрување на инвестициската клима во земјата.

Во регионот на Југоисточна Европа највисок раст годинава и во 2020 година ќе забележи Косово од 4,5 отсто. Србија годинава ќе има раст од 3,5, а следната од 4 отсто, Албанија од 3,6 и 3,2, Босна и Херцеговина од 3,4 и 3,9 отсто, Бугарија од 3,1 и 3 отсто , Хрватска од 2,8 отсто и во 2019 и во 2020 година, а Црна Гора од 2,8 и 2,5 отсто.

Светска банка предвидува дека глобалната економија годинава да забележи раст од 2,9 отсто , а во 2020 од 2,8 проценти.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

СДСМ: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови